Руската групација „Х5 ритеил“ ќе им обезбеди на вработените можност да поминат различни обуки и да ги подобрат своите вештини.
Корпоративниот универзитет на Х5 ќе ги опфати постојните образовни програми и иницијативи на трговецот, вклучувајќи ги Дигиталната академија, Академијата за управување со категории и други.
Дополнително, на вработените ќе им бидат достапни видеокурсеви, курсеви во живо, обуки, подкасти, вебинари, работилници и електронска библиотека. Секој вработен ќе може да добие персонализирани препораки за курсеви и за обуки, користејќи методологија за оценување на сопствените знаења и вештини.
Од Х5 информираат дека Корпоративниот универзитет планира да почне програми за обука во повеќе формати во партнерство со бизнис-школи и независно, како и да развие внатрешен Институт за експертиза.
Меѓу темите што ќе ги обработува универзитетот ќе бидат работата со луѓе, финансиите, логистиката, маркетингот, трговијата и ИТ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.