Производителот на алкохолни пијалаци „Карлсберг“ ја зголеми прогнозата за профит за 2022 година, откако подобрата продажба на пиво во Азија и Европа успеа да ги надомести повисоките трошоци за суровини.
Данската пиварница соопшти дека очекува „висок едноцифрен органски раст“ на оперативниот профит за 2022 година. „Карлсберг“, кој стои зад брендот Tuborg, претходно очекуваше меѓу пад од 5% и раст од 2%. Зголемената прогноза покажува дека потрошувачите сè уште пијат пиво и покрај повисоките цени во баровите и рестораните кои повторно се отворени по заклучувањата наметнати од пандемијата.
Единицата „Карлсберг“ постигна подобри деловни перформанси од очекуваните, особено како последица на силното комерцијално закрепнување на нашите европски пазари и силните резултати на многу азиски пазари. Ова го неутрализира, и повеќе од тоа, зголемениот притисок од трошоците за суровини и енергија, соопштија од компанијата.
„Карлсберг“ го стави својот руски бизнис на продажба претходно оваа година, но сега ја продолжи работата во сите три производствени капацитети во Украина по првичното затворање. Резултатите за целата година ќе го вклучат и придонесот на украинскиот пазар. Пазарите како Индија и Виетнам се следните двигатели на растот на пиварницата. Тука е и потенцијалот за раст на некои европски пазари и во сегменти како што е безалкохолното пиво.
„Карлсберг“ на 17 август ќе ги објави целосните резултати од своето работење во вториот квартал од годинава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.