Пазарниот лидер „Кооп“ – Италија го револуционизира асортиманот на трговски марки. Целта е да го прошири на повеќе од 5.000 производи во следните две години.
На тој начин трговецот има намера двојно да го зголеми уделот на сопствениот бренд во продажбата, од 3 милијарди евра на 6 милијарди евра.
За да обезбеди нови производи, трговецот ја проширува базата на доставувачи со дополнителни 250 производители, од кои 80% се италијански мали и средни претпријатија. Првично беа лансирани производите за појадок, а потоа и безалкохолни пијалаци, тестенини и други категории на производи, со акцент на безглутенски и органски состојки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.