„Нестлé“ ги зголеми своите цени за 6,5% во првата половина на 2022 година, бидејќи трошоците на компанијата се качуваат на досега „невидено ниво“.
Најголемата светска компанија за прехранбени производи најмногу ги зголемила своите цени во Северна Америка, со пораст од 9,8 отсто, по што следи Латинска Америка со 9,4 отсто.Од „Нестлé“ соопштија дека зголемувањето на трошоците за стоки, пакување, товар и електрична енергија влијаело на оперативната профитна маржа на компанијата.
И покрај повисоките цени, компанијата ја зголеми продажбата на органски производи за 8,1% во периодот, поради силната побарувачка за производи како храна за домашни миленици.
Зголемената инфлација ширум светот ги зголеми трошоците за најголемите светски производители, кои потоа ги пренесоа на потрошувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.