„Е.Леклер“, најголемиот француски трговец со храна, би можел да го намали работното време на своите продавници како дел од итните мерки за соочување со ризикот од недостаток на струја поврзан со војната во Украина.
За оваа зима имаме итно сценарио во кое Русија ги прекинува испораките на гас. Според тоа сценарио, би можеле да затвориме некои од продавниците во одредени часови, извести трговецот.
„Е.Леклер“ применува политика на ниски цени, што му овозможи да прерасне во најголем трговец во Франција по пазарен удел.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна најави дека наскоро ќе поднесе план за штедење на енергија со кој од сите граѓани ќе бара да се обврзат на намалена потрошувачка, како на пример гасење на светлата кога излегуваат од канцеларии. Секторот супермаркети, пак, договори мерки за штедење што ќе почнат да се спроведуваат од 15 октомври. Мерките вклучуваат гасење на светлечките реклами штом продавницата ќе се затвори и системско намалување на интензитетот на светлината. Осветлувањето на продажните простори ќе се намали за 30 отсто во критичните периоди на потрошувачка. Загриженоста околу снабдувањето од Русија доаѓа додека Франција се бори со веќе ограничено производство на електрична енергија, што предизвикува и загриженост поради недостаток во тек на зимата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.