Свет

„Карлсберг“ тестира одржлива амбалажа

23 Jun 2022

Данската пиварница „Карлсберг“ почна да тестира нови одржливи шишиња за пиво. Направени се на биолошка основа и можат целосно да се рециклираат. Тоа се смета за најголемиот пилот - проект на пиварницата досега. 

Во согласност со фокусот на групацијата за одржлива практика,во шишињата ќе се пакува пиво направено од органски јачмен. Амбалажата ќе биде достапна на одбрани фестивали и водечки настани, како и за целна поблика. Тестирањето ќе му овозможи на производителот да собере повратни информации за искуствата на луѓето со производот, што ќе помогне за следната генерација дизајни. 

Воодушевени сме што можеме да го донесеме нашето ново „фибер“ шише во рацете на нашите потрошувачи, овозможувајќи им со тоа целосно ново искуство, соопштија од „Карлсберг“. 

Новото шише има ПЕФ полимерна облога на основа на растенија, што ја разви партнерот на „Карлсберг“ - „Авантиум“, водечка компанија за обновлива хемија. Надворешната обвивка на шишето ја прозиведе компанијата за пакување „Пабоко“, се состои од одржливи дрвени влакна и исто така е на растителна основа. Овој слој има и изолациски својства, што може да помогне пивото да остане ладно подолго време, во споредба со лименките и стаклените шишиња. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...