„Шпар“ има цел да го прошири присуството во Холандија со двојно зголемување на бројот на продавници, од 455 на 1.000, во следните три години.
Како што соопштуваат од компанијата, трговецот планира да развива различни формати.
Покрај значителното зголемување на бројот на продажни места, „Шпар“ – Холандија експериментира и со неколку пилот-проекти на различни локации во земјата, со цел дополнително да ја зајакне малопродажната врска со потрошувачите. На пример, продавниците без персонал, во кои ќе има основни производи, ќе бидат сместени во 12 хотели, а сличен формат ќе биде воведен и во голем број канцелариски средини.
Групацијата почна и пилот-соработка со компанијата за испорака „Деливеро“. Според извршниот директор Џон ван дер Ент, овој проект совршено се вклопува во амбицијата на „Шпар“ да се позиционира во угостителската индустрија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.