Германската „Шварц група“ во чиј состав се „Лидл“ и „Кауфланд“ во 2021 година оствари 133,6 милијарди евра приход. Една година претходно, во 2020, приходот беше помал и изнесуваше 125, 3 милијарди евра.
Групацијата која има 13.300 продавници и повеќе од еден милион вработени објави дека малопродажбата на „Лидл“ и „Кауфланд“ покажа „висок придонес и агилност дури и во предизвикувачки времиња“.
„Лидл“ оствари раст на продажбата од 4,7 отсто на 100,8 милијарди евра, додека „Кауфланд“ има 27,3 милијарди евра приход.
Вкупната онлајн продажба на групацијата достигна 1,7 милијарди евра. Компанијата лани инвестирала 8 милијарди евра, а инвестициите се наменети за експанзија на продажната мрежа, модернизација на работните единици и дигитализација на работењето.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.