Свет

„Пепсико“ ќе лансира нови пијалаци на рускиот пазар

08 Apr 2022

Американскиот производител на пијалаци „Пепсико“ ја разгледува можноста за лансирање нови брендови на рускиот пазар по запирањето на продажбата на неговите водечки брендови.

Компанијата планира наместо Pepsi, на пазарот во Русија да пласира производ под називот New Cola, а Mirinda и i 7UP би можеле да бидат заменети со пијалак со вкус на портокал и лимон, кој би се нарекувал Fruitz. Планирано е новите пијалаци да се произведуваат во стаклени шишиња од 0, 25л, во алуминиумски лименки од 0,33lл и во пластични шишиња од 0,5л до 2л.

„Пепсико“ исто така ја истражува можноста за проширување на производството под рускиот бренд Dar. 

Од „Пепсико“ досега не ги коментираа информациите за подготовка на лансирање на нови брендови во Русија. Аналитичарите сметаат дека „Пепсико“ може да ја промени рецептурата на пијалаците или да ги преименува оригиналите. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...