Светскиот гигант за производство на алкохолни пијалаци „Дијаџо“ ги најави плановите за вложување на 245 милиони канадски долари (173 милиони евра) во нова дестилерија за да го поддржи порастот на својот бренд Crown Royal Canadian Whisky.
Фабриката ќе се простира на околу 400 хектари во дел од Онтарио, Канада, а ќе има капацитет за производство од 20 милиони литри апсолутен алкохол.
Покрај дестилиеријата, објектот ќе има капацитети за мешање и складирање суровини, технологија за ефикасност на ресурси и ќе работи со 100 отсто обновлива енергија.
Исто така, компанијата работи на постигнување нето нулта емисија на јаглерод во целиот свој синџир на снабдување до 2050 година. При тоа, планот е 50 отсто емисии да бидат намалени до 2050 година.
Брендот Crown Royal сочинува 7 отсто од нето - продажбата на „Дијаџо“, а во првата половина од тековната финансиска година оствари пораст од 12 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.