„Шварц груп“ ќе донира производи во вредност од 10 милиони евра за Украина. Од компанијата соопштија дека се „потресени од актуелните случувања во Украина“ и дека во овој тежик период е важно да ја исполнат својата одговорност кон заедницата.
Имајќи го тоа во предвид, „Шварц група“, вклучувајќу ги своите трговски синџири „Лидл“ и „Кауфланд“, од почетокот на кризата блиску соработуваат со многубројните организации за давање помош на лице место. Така веќе дониравме околу 3 милиони евра, во производи и во пари. „Шварц група“ сега ја зголемува таа донација до износ од вкупно 10 милиони евра за во што пократок рок да помогне во снабдувањето на бегалците на подрачјата во близина на границата со Украина со трајни производи, средства за хигиена и останати нужно потребни производи, соопштија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.