Свет

„Хенкел“ ќе ги интегрира домашната хигиена и негата за убавина во едно

02 Mar 2022

„Хенкел“ ги објави плановите да ги интегрира своите бизниси за перење и домашна нега и средства за нега на убавина во „една платформа со повеќе категории“, за која извршниот директор Карстен Кнобел вели дека ќе му овозможи на бизнисот „уште поконзистентно да го оптимизира портфолиото“.

Комбинираниот бизнис, кој ќе биде познат како Henkel Consumer Brands, ќе може да се пофали со продажба од околу 10 милијарди евра, додадоа од компанијата.

Групацијата го објави потегот кога го објави и зголемувањето од 7,8% во групната продажба за финансиската 2021 година, на 20,1 милијарди евра, додека оперативниот профит е зголемен за 4,2% на 2,7 милијарди евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...