Државните компании кои имаат монопол на малопродажбата на алкохолни пијалаци во Финска и Шведска објавија дека ги отстраниле сите руски пијалоци, вклучително и вотката, од своите полици по почетокот на руската инвазија на Украина.
„Алко“ како одговорен оператор од денеска ја прекина продажбата на руски производи од својот асортиман во продавниците и онлајн, се вели во соопштението на финската компанија.
Ситуацијата во Украина е шокантна и ние ја сфативме сериозно, изјави за АФП, Ана Коскинен, портпаролка на групацијата која нуди повеќе од 11.000 производи, вклучително и околу 30 руски производи, главно вотка.
Симболичната мерка, одлуката која се однесува на 0,1 отсто од прометот на „Алко“ е донесена во знак на солидарност со Украина.
Во соседна Шведска, „Системболагет“ донесе слична одлука. Државната компанија одлучи веднаш и на неодредено време да ја запре продажбата на сите руски производи во својот асортиман и да ги откаже сите планирани промоции на руски производи.
Претходно, продавниците и кафулињата ширум Канада и САД одлучија повеќе да не продаваат руска вотка, што претставува израз на незадоволство поради нападот врз Украина. Министерот за финансии во регионот Онтарио, Питер Бетленфалви, побарал од сите продавници да се повлече вотка и други руски алкохолни пијалаци.
Онтарио им се придружи на канадските сојузници во осудата на агресијата врз украинскиот народ и силно ја поддржуваме сојузната влада во нејзините настојувања да ја санкционираат руската влада. Остануваме покрај Украина во текот на овие екстремно тешки времиња“, изјави Бетленфалви.
Рускиот алкохол се повлекува и од американските продавници. Помеѓу останатото, тоа е случај во сојузните држави Канзас и Орегон
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.