Синџирот „Карфур“ им овозможи на француските купувачи во десет градови ширум земјата да купуваат намирници од неговите супермаркети и хипермаркети преку онлајн платформата „Еверли“.
Овој потег уследи по најавата за продолжување на меѓународниот комерцијален договор меѓу „Карфур“ и “Еверли“ во декември лани. Услугата е достапна во Париз, Лил, Лион, Ница, Тулуз, и во околните предградија.
Успехот на нашето партнерство со „Еверли“ во другите земји ни дава доволно доверба да продолжиме заедно да се развиваме во Франција, нашиот главен пазар, соопштија од „Карфур“.
Стоката се испорачува истиот ден и опфаќа артикли од категоријата свежа храна, вклучувајќи и производи од пекарница, месарница, риба и сирења. „Еверли“ исто така им нуди на купувачите бесплатна достава и попуст од 40 евра на првите четири нарачки од „Карфур“, за минимално купување во износ од 60 евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.