Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека од денеска, Турција ќе го намали ДДВ - то за млечните производи, овошјето, зеленчукот и другата основна храна од 8 отсто на 1 отсто. Мерката доаѓа во позадина на највисоката инфлација во последните 20 години, 48 отсто во јануари.
Минатиот месец, претседателот го смени шефот на државната статистика по четврти пат од 2019 година.
Турските медиуми објавија дека Ердоган е незадоволен од стапките на инфлација објавени од државната статистика.
Според опозицијата и противниците на Ердоган, официјалните бројки се значително потценети и не ја одразуваат реалноста.
И покрај намалениот ДДВ за основните прехранбени производи во земјава, денеска се планирани протести поради високите цени во земјата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.