Свет

Oreo ќе соработува со „Бетмен“

11 Feb 2022

Oreo најави ексклузивно партнерство со новиот филм „Бетмен“, што, според брендот, ќе ги воодушеви љубителите пред премиерата на филмот на компанијата „Варнер брос пикчрс“. 

Од јануари во продажба се Oreo кекси инспирирани од градот Готам, во ограничена верзија, во два формата (66 грама и 176 грама), до истек на залихите. Серијата ќе биде достапна во сите продавници каде брендот се продава. Прв пат изгледот на класичните Oreo ќе биде изменет во рамки на оваа соработка, со единствен втиснат релјеф што ја прикажува силуетата на легендарниот Бетмен. Со купување на производите на Oreo и регистрација со фискалната сметка на страницата www.oreo.eu, купувачите ќе можат да освојат и возбудливи награди.

Минатата година, брендот имаше ограничена серија и во рамки на соработката со Лејди Гага. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...