Свет

Инфлацијата во Турција стигна до 50 отсто

07 Feb 2022

Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари достигна највисоко ниво од април 2002 година. Потрошувачките цени се зголемени за 48,7 отсто во однос на истиот период во јануари минатата година, а за 36,1 отсто во однос на годишната стапка во декември.

Според истите податоци, месечната инфлација во првиот месец од 2022 година изнесува 11,10 отсто.

Централната банка на Турција (ЦБРТ) минатата недела ги зголеми годишните прогнози за инфлацијата за оваа, како и за следната година, нагласувајќи дека поддршката на лирата е клучна цел на нејзиниот тековен преглед на политиката.

Проценката на индексот на потрошувачките цени за крајот на 2022-ра година е зголемена на 23,2 отсто, а ЦБРТ во октомврискиот извештај прогнозира дека инфлацијата ќе се намали на 11,8 отсто до крајот на 2022-ра година.

Кога станува збор за 2023 година, ЦБРТ предвиде инфлација од 8,2 отсто, додека во 2024-та година треба да се постигне прокламираната цел од пет отсто.

Во меѓувреме, податоците за јануари се попесимистички, па се очекува инфлацијата овој месец да достигне рекордни 50 отсто, а во мај близу 55 отсто, додека остар пад се очекува во третиот квартал од годинава.

Исто така, ЦРБТ ја зголеми проекцијата на инфлацијата на храната на крајот на годината на 24,2 отсто, наспроти 13,9 отсто колку што беше проектирана за крајот на 2023 година.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...