Американскиот трговец „Волмарт“ ќе инвестира во компанијата „Пленти анлимитед“, која се занимава со вертикално земјоделство.
Трговецот ќе вложи 400 милиони долари во компанијата како дел од циклусот финансирање во серија Е. Како дел од партнерството, „Пленти анлимитед“ ќе испорачува свежи производи во малопродажните објекти на „Волмарт“.
Веруваме дека „Пленти анлимитед“ е докажан лидер во новата ера на земјоделството, ерата што на купувачите им нуди врвни производи без пестициди секој ден во годината. Ова партнерство не само што ги забрзува иновациите во земјоделството, туку и ја засилува нашата посветеност на одржливоста и испораката на нови категории свежи производи што се добри за луѓето и за планетата, соопштија од „Волмарт“.
Од „Пленти анлимитед“ велат дека нивните фарми можат да се наоѓаат каде било што им овозможува во секој момент да пласираат свежи производи на полиците. Како долгогодишен лидер на пазарот на иновации во малопродажбата, „Волмарт“ е наш идеален партнер, велат од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.