Свет

Рекордно производство на италијанските пенливи вина

18 Jan 2022

Во 2021 година беа продадени 900 милиони шишиња италијански пенливи вина при што продажбата на странските пазари порасна 20 отсто. За првпат во историјата производството надмина 2,4 милијарди евра, објави Здружението на италијански винарници. 

Пенливите вина сега заземаат отприлика четвртина од вкупниот италијански извоз на вино. 

Во првите 11 месеци од 2021, во однос на истиот период 2020, големопродажбата во Италија порасна 22 отсто по волумен и 26 отсто по вредност. Од вкупниот број шишиња, секое трето е продадено во странство, додека 88 милиони шишиња (14 отсто) вино го конзумираа Италијанците. На пенливи вина во тек на новогодишните празници биле потрошени  236 милиони евра, со што е поставен нов рекорд. 

Дополнително, Италијанците отвориле околу 5 милиони шишиња увозно пенливо вино,  што е 50 отсто повеќе отколку во 2020.  

Најважни увозници на вино од Италија се САД (пораст од 44 отсто во волумен), Велика Британија (+ 12 отсто), Германија (+2 отсто), Русија (+52 отсто), Кина (+ 29 отсто) и Јапонија (+18 отсто). 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...