Данскиот логистички гигант „Маерск“ ги предупреди клиентите дека уште се мачи со контињерскиот превоз на товар ширум светот бидејќи застојот во пристаништата трае подолго отколку што очекуваа.
Пандемијата предизвика недостиг на товарни бродови и застој во период на нагло опоравување на потрошувачката, со стотици бродови кои чекаат истовар. За жал. ни 2022 година не почна како што се надевавме - пандемијата и натаму е во полн ек, а новите бранови на зараза, за жал, влијаат врз нашата способност да го преземеме вашиот товар, соопштија од „Маерск“.
Компанијата очекува дека ограничувањата ќе потраат „уште некое време“.
Најчето на истовар, односно утовар чекаат бродовите на западниот брег на САД, меѓу 38 и 45 денови. Во Европа состојбата е нешто подобра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.