Свет

„Шпар“ ја прошири понудата со јадења на „мишелин“ готвачи

24 Dec 2021

На купувачите на „Шпар“ во Словенија од неодамна им е достапен асортиман прозиводи што го креираа тројца готвачи со „мишелин ѕвезди - Урош Стефелин, Грегор Врачек и Урош Факуќ. 

Новите производи се дел од „Шпар“ премиум асортиманот и вклучуваат 16 намирници креирани во соработка со одбрани добавувачи и производители од Словенија. Сите производи поминаа низ интензивни испитувања, а нивниот квалитет го потврдија експерти од Биотехничкиот факултет од Љувљана, соопштија од „Шпар“. 

Како дел од оваа иницијатива, трговецот нуди и низа свечени рецепти и совети како со неколку измени да ги постави секојдневните јадења на повисоко ниво. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...