Свет

„Мере“ ја забави експанзијата во западна Европа

15 Dec 2021

Рускиот дисконтер „Мере“ ги забави своите амбициозни планови за ширење во западна Европа. 

Пред неколку месеци беше најавено дека до крај на годинава, „Мере“ ќе отвори уште 10 продавници во Белгија и најмалку уште три во Франција и во Велика Британија. Сепак, досега беше отворена само една продавница во Велика Британија, и тоа со задоцнување, бидејќи немало доволно производи за продавницата. 

Дисконтерот работи без магацини - секоја продавница е самоуслужлив магацин без полици. Производите се редат на палети што добавувачите директно ги испорачуваат. Најголем проблем претставува пронаоѓањето добавувачи во овој регион.

Од друга страна, компанијата има многу строги услови за своите добавувачи - тие мора да понудат производи значително поевтини од конкуренцијата, сами се одговорни за испорака на производите до продавниците и мораат да ги враќаат непродадените производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...