Американскиот конгломерат „Џонсон & Џонсон“ ќе се подели на две компании.
Притоа, секторот наменет за општата здравствена потрошувачка на граѓаните (како што се продажбата на фластери и пудрата за бебиња) ќе се одвојат од својата голема фармацевтска единица. Компанијата планира да го заврши раздвојувањето во рок од 18 до 24 месеци, пренесе „Ројтерс“. Акциите на „Џонсон & Џонсон“ на оваа вест реагираа со скок од 4 отсто на официјалното отворање на Њујоршката берза.
Секцијата која продава лекови на рецепт и медицински апарати ќе го задржи називот „Џонсон & Џонсон“.
По сеопфатни анализи, Управниот одбор и менаџерскиот тим сметаат дека планираното раздвојување на работењето е најдобар начин за засилување на нашите напори и давање услуги на пациентите, потрошувачите и здравствените работници, за отворање нови можности на нашиот глобален тим, за пораст на профитабилноста и што е најважно, за подобрување на здравствената заштита на луѓето ширум светот, соопштија од компанијата.
Со овој потег, „Џонсон & Џонсон“ им се придружи на други мултинационални компании кои одлучија да ја поедностават својата структура со делење на повеќе компании со специјализирана дејност.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.