Компанијата „Марс“, која стои зад светски познатите брендови Snickers, Twix, M&M’s, Orbit, Pedigree, Whiskas и други, најави силна посветеност кон постигнување нулта емисии на штетни гасови во својот синџир на вредности заклучно со 2050 година.
Нашите цели опфаќаат контрола на нашето целосно дејствување - од тоа како ги набавуваме суровините до начинот на кој потрошувачите ги конзумираат нашите производи. Сакаме секој дел од синџирот да го насочиме кон промена, да направиме важни поединечни чекори и се што правиме да биде добро и за нашето работење и за светот што го оставаме на идните генерации. Во соработка со нашите вработени, партнери, добавувачи, купувачи и потрошувачи, цврсто веруваме дека овој голем предизвик е можно да се постигне, соопштија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.