Рускиот дисконтер „Мере“ нема да отвори нови продавници во Белгија до крајот на оваа година, пренесоа белгиските медиуми.
Пролетва, од „Мере“ презентираа планови за отворање уште 10 нови продавници во Белгија до крајот на 2021 година. Сега тоа се одложува, а една од причините, според локалните медиуми, е пронаоѓање „вистински добавувачи“ - компанијата на своите добавувачи им наметнува строги услови, вклучувајќи и да испорачуваат стока до различни продавници, а да им биде платено само за производите што се продале.
Во источна Европа е релативно лесно да се најдат поединци и компании кои можат да ги исполнат овие услови, но во другите делови на Европа тоа е вистински предизвик.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.