Свет

Ранг - листа на топ 50 европски трговци

28 сеп 2021

Аналитичката компанија „Еџ бај есентиал“ ја објави прогнозата за рангирање на трговците во Европа за годинава. 

На врвот на листата се три германски синџири. Врз основа на приходите, „Шварц груп“ е прв со проценети 144,57 милијарди евра и пораст од 5,3%. Повеќе од три четвртини од приходите може да ѝ се припишат на подружницата „Лидл“. На второ место, на поголемо растојание, е „Реве“, кој годинава се очекува да забележи зголемување од 4,5% на 81,33 милијарди евра. Трет е „Алди“, за кој се прогнозира пораст од 6,6% и приходи од 75,48 милијарди евра.

Британскиот пазарен лидер – „Теско“ е на четврто место. За него се очекува дека ќе ја заврши годината со приходи од 73,54 милијарди евра, што претставува пад од 5 проценти. Следува германска „Едека“ со приходи од 69,87 милијарди евра.
Следните четири места ги држат француските трговци  - „Карфур“, „Е. Леклер“, „Ошан“ и „Интермарше“. Следува холандскиот „Ахолд Делез“, за кој се очекува да има приходи од 35,5 милијарди евра. Тоа е соодветно на пораст од 8,3%, што е најголемо зголемување меѓу првите десет компании.

Што се однесува до трговците од другите земји, првиот руски синџир е „Х5 ритеил груп“ на 12. место, шпанска „Меркадона“ е на 13. место, полски „Еурокаш“ е 15., италијански „Конад“ е 17., швајцарски „Кооп“ е 18., португалски „Жеронимо Мартинс“ е 22., шведска „ИКА групен“ е 23., фински „Кеско“ е на 37. место, данска „Селинг груп“ е 39., норвешката групација „Реитан“ е 40., белгиски „Колрајт“ е 44. и листата завршува со ирски „Мусгрејв“ на 50. место.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...