Свет

Вработените на „Амазон“ не се враќаат во канцеларија до јануари 2022

23 Aug 2021

Компанијата „Амазон“ го одложи враќањето на вработените во канцелариите до почетокот на следната година поради наглото зголемување на бројот на заразени со делта сојот на Ковид -19.

Првично беше планирано вработените во тој гигант за е-трговија во неколку земји, вклучувајќи ги и САД, да започнат да се враќаат во канцелариите од 7 септември оваа година, но тој датум сега е преместен на 3 јануари 2022 година, изјавија од „Амазон“ за Си-Ен-Ен.

И в година, кога ќе се вратат на работа, вработените ќе мора да носат маски во канцеларија, освен ако не покажат потврда дека се вакцинирани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...