Свет

„Пепсико“ продава дел од своите брендови

04 Aug 2021

Американскиот гигант „Пепсико“ објави дека го продава брендот Tropikana и уште некои брендови сокови во Северна Америка на францускиот фонд со приватен капитал „ПАИ партнерс“ за 3,3 милијарди долари.

„Пепсико“ се одлучи на овој потег со цел да го поедностави својот асортиман производи и да се повлече од производството напитоци со висока содржина шеќер. Компанијата ќе задржи 39 - процентен сосптвенички удел во новата компанија што ќе ја основа со „ПАИ партнерс“  и ќе има ексклузивни права за дистрибуција на отуѓените брендови во САД. 

Средствата од продажбата на брендовите „Пепсико“ ќе ги искористи за развој и ширење на портфолиото грицки кои се во функција на зачувување на здравјето и на напитоци без калории. 

Компаниите за производство на сокови и напитоци од групацијата „Пепсико“ минатата недела ѝ донесоа на компанијата нето - заработка од околу 3 милијарди долари, при што нивните оперативни профитни маржи беа под просекот на целата групација. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...