Свет

„Болт“ го шири работењето во Европа

19 Jul 2021

„Болт“ маркети ги спојува корисниците и складиштата кои се стратешки сместени во градовите за овозможи брза достава во рок од 15 минути. Пилот - проектот на водечката европска платформа за мобилност успешно беше претставен во Естонија, а до крај на годинава на овој начин ќе можат да се нарачаат намирници во Хрватска, Португалија, Литванија, Латвија, Романија, Чешка, Полска, Словачка и во Шведска. 

„Болт маркет“ услугата ќе може да се користи во рамки на постоечката Bolt Food апликација. Оваа услуга, всушност, ги поврзува местата од каде може брзо да се преземат производи со купувачите, со што овозможува многу брза испорака.

Од регионот, услугата ќе биде достапна во Хрватска. 

Податоците на „Евростат“ од 2020 година покажуваат дека 55 отсто граѓани на Хрватска купувале онлајн. Многумина за време на пандемијата ја открија погодноста на доставата „од врата до врата“ и ќе продолжат да користат услуги за достава и откако пандемијата ќе заврши. Во Хрватска имаме цврста база на искусни возачи и корисници на „Болт“ услугите и уверени сме дека и тука ќе направиме профитабилна деловна вертикала, изјави Дмитри Либерман, претседател на деловната вертикала „достава“ во „Болт“.  

Сега, услугата е достапна во повеќе од 50 градови во 20 земји во Европа и Азија. Има 3 милиони регистрирани корисници. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...