Малопродажниот синџир „Ошан“ има намера да продаде 65% од уделот во Тајван, што воедно би бил и последниот чекор за напуштање на азискиот пазар, пишува „Блумберг“.
Минатата година „Ошан“ го продаде уделот во кинеската малопродажна групација „Сан арт“ на „Алибаба“. Исто така, малопродажниот синџир претходно го продаде и бизнисот во Виетнам на локалната малопродажна групација „Саигон ко.оп“.
„Ошан“ ја почна деловната активност во Тајван во 1997 година, и во моментов оперира со 20 хипермаркети и со 2 продавници, во кои вкупно се вработени околу 5.500 луѓе од земјата. Синџирот е активен во уште 12 земји, вклучувајќи ги Франција, Португалија, Шпанија, Романија, Украина и Русија.
Консолидираните приходи без данок на компанијата изнесуваат 32 милијарди евра за вкупно 1.985 малопродажни објекти што работат под називот „Ошан“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.