„Шпар“ планира да инвестира 125 милиони фунти во своето работење во следната една година, за да ја задржи водечката позиција во трговскиот сектор во Велика Британија.
Од нив, 100 милиони фунти се инвестиција во продавниците, а 25 милиони фунти се за подобрување на синџирот на снабдување и ИТ секторот - од магацини, до комбиња и електрични велосипеди за домашна испорака. Трговецот се фокусира на локалната понуда.
И покрај пандемијата, „Шпар“ се ширеше и во 2020 година, кога отвори повеќе од 300 нови и реновирани објекти. Исто така, направи неколку поголеми промени во асортиманот и во големината на пакувањата за да излезе во пресрет на сменетите побарувања на потрошувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.