Свет

Нова инвестиција на „Крафт-Хајнц“

03 Jun 2021

Компанијата „Крафт-Хајнц“ најави инвестиција од 162 милиони евра во објект за производство на храна на северот од Англија.

Фабриката се наоѓа на северозапад од Манчестер, а инвестицијата ќе ги прошири производствените капацитети за кечап, мајонез и преливи за салата. Фабриката, која веќе произведува 1,3 милијарда конзервирана храна годишно, ќе продолжи да произведува супи и тестенини Heinz.

Инвестицијата ќе отвори 50 нови работни места. Ова е најголемата експанзија на постојното производство надвор од САД по повеќе од 20 години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...