Свет

„Мере“ бара локации во Велика Британија

14 May 2021

Рускиот дисконтер „Мере“, кој работи во Германија, Полска, Украина, Србија, Романија и на уште некои други европски пазари, бара потенцијални локации во Велика Британија.

Хард-дисконтерот, кој работи како „Светофор“ на матичниот пазар, лансира веб-страница во Велика Британија, во која се наведува дека е активно поврзан со сопствениците на имот, нивните претставници и агенти за отворање продавници „Мере“ на голем број локации низ целата земја.

Меѓу локациите кон кои дисконтерот цели се: Девон, Стокпорт, Брадфорд, Мидлсброу, Плимут, Кардиф, како и локации во Велс и Јужна Шкотска.

„Мере“, кој почна со работа во 2009 година, го прошири бизнисот надвор од Русија во 2017 година на романскиот пазар. Освен во Велика Британија, дисконтерот отвори канцеларии и во Бугарија, Италија, Шпанија и во Грција.

Дисконтите на „Мере“ располагаат со асортиман од околу 1.200 артикли, без премиум производи, а цените се за 20 до 30% пониски отколку во другите дисконтни продавници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...