Свет

„Карфур“ ги презема „Суперсол“ и „Групо БИГ“

17 May 2021

Со дозвола на агенциите за заштита на конкуренцијата, „Карфур“ почна процес на интеграција на продавници во Шпанија и во Бразил.

Синџирите „Суперсол“ во Шпанија и „Групо БИГ“ во Бразил заедно имаат вкупно 876 продавници и вработуваат околу 137.000 луѓе.

Речиси сите продавници „Суперсол“ се лоцирани во главните градски центри во Шпанија (Мадрид, Малага, Кадис и Севилја). Во текот на годинава тие ќе бидат ребрендирани во три формати на „Карфур“ – „Експрес“, „Маркет“ и „Супеко“.

Од другата страна на Атлантикот, во Бразил, „Карфур“ го купи и синџирот „Групо БИГ“, третиот по големина во земјата. Со договорот за преземање, кој се проценува на околу 1,1 милијарда евра, францускиот трговец ќе го зголеми бројот на продавници за 387 објекти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...