Групацијата „Алди Норд“ првпат ја тестира службата за достава во Шпанија и Португалија.
Партнер на германскиот трговски синџир ќе биде платформата за достава „Голво“.
Од „Алди“ соопштија дека првпат испорачале производи на 7 април и тоа од пет маркети во Барселона и Лисабон. Како што истакнуваат во соопштението, купувачите ги добиле нарачаните производи во рок од 30 минути од нарачката.
За „Алди Норд“, стратешкото партнерство со „Голво“ претставува нов чекор во работењето, стои во соопштението на компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.