„Шпар“ - Австрија (прехранбениот дел) минатата година оствари продажба од 8,32 милијарди евра, што е пораст од 16 отсто.
Трговскиот синџир со тоа го зголеми својот пазарен удел за 1,8 отсто и така го презема водечкото место во Австрија.
„Шпар“ забележа позитивни резултати во сите три деловни сегменти: продавниците за храна, спортската опрема и трговските центри. Прометот е зголемен за 5,6 отсто, на 16,60 милијарди евра. Компанијата инвестираше околу 720 милиони евра, а ангажираше 4.200 нови вработени. Од кога компанијата работи на австрискиот пазар, првпат зазема водечка позиција во малопродажбата, бидејќи во „Шпар“ се одвива 34,6 отсто од вкупното купување храна во земјата.
„Шпар“ под своја контрола има 1.578 продавници „Шпар“, „Еурошпар' и „Интершпар“, а по уделот го помина и германскиот трговец „Реве“, кој работи со продавниците „Била“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.