Свет

Леброн Џејмс инвестира во Lobos 1707

09 Feb 2021

Кошаркарската ѕвезда и член на актуелниот шампион на НБА „Л.А. Лејкерс“ – Леброн Џејмс, ќе инвестира во компанија што произведува и продава алкохолни пијалаци.

Во овој бизнис на кошаркарот ќе му се придружи и поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот Арнолд Шварценегер.

Брендот со назив Lobos 1707 пласира текила и мескал („сестринска“ верзија на текилата), направени од различни видови агава. Двете ѕвезди се клиенти на познатиот советник за инвестиции Пол Вахтер. Според американските медиуми, Џејмс е активно вклучен во развојот на брендот.

Од кошаркарските асови, освен Џејмс, во Lobos 1707 ќе инвестираат и Ентони Дејвис (Л.А. Лејкерс) и Дрејмонд Грин (Голден стејт вориорс).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...