Свет

Историски пад на потрошувачката на пиво во Германија

28 Jan 2021

Во Германија потрошувачката на пиво драстично се намали минатата година. Толку малку пиво последен пат се купувало кон крајот на 1950-тите.

Додека во 2019 година потрошувачката на пиво по глава на жител беше околу 92 литри, минатата година се намали за четири литри на околу 88 литри, објави Здружението на германски пивари.

Главната причина за намалувањето на потрошувачката на пиво е затворањето на ресторани и барови заради епидемиолошките мерки.

Последен пат се испило толку малку пиво во 1958 година, кога потрошувачката по глава на жител била под 90 литри.

Ситуацијата е драматична, нагласи директорот на здружението „Холгер Ејхеле“ во изјавата на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...