Свет

Наскоро „Пепсико“ шишиња од 100 отсто рециклирачка пластика

10 Dec 2020

Компанијата „Пепсико“ донесе одлука дека до 2022 година на девет пазари на Европската унија ќе ја исфрли од употреба пластиката добиена од сирова нафта која служи за изработка на амбалажа. 

Имено, амбалажата на целиот асортиман на брендот Pepsi ќе биде изработена од рециклирачка пластика, а компанијата и натаму ќе работи на унапредување на моделот за повторна употреба и за дополна, како што е таканаречениот Sodastream модел. 

Компанијата процени дека дека со преминувањето на шишиња од 100 отсто рециклирана пластика, годишно ќе се елиминира над 70.000 тони пластика на основа на фосилни горива и воедно ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид по шише за приближно 40 отсто. Во 2018 година, компанијата најави дека до 2030 година ќе достигне процент од 50 отсто кога станува збор за употреба на рециклирана пластика на пазарите на ЕУ, а до сега веќе постигна 30 отсто. Најавата на преминување на 100 отсто таква амбалажа е значително забрзување кон постигнување на таа цел. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...