„Нестлé “ ја зголеми прогнозата за пораст на органската продажба на околу 3 отсто во 2020-та година, откако објави подобар од очекуваниот пораст од 4,9 отсто а третиот квартал.
Порастот е поттикнат од силната побарувачка на храна за домашни миленици и здравствени производи.
Најголемата светска групација за храна ја надмина пандемијата со Ковид-19 поуспешно од некои од нејзините конкуренти, благодарение на широкото портфолио на храна за домашни миленици и здрави производи, што го неутрализира намалувањето на продажбата на храна во рестораните и кафулињата.
За првите девет месеци од годинава, продажбата на органски производи на „Нестлé “ пораснале за 3,5 отсто, во споредба со просечниот пораст што го очекуваа аналитичарите, од 2,8 отсто.
Продажбата во САД објави најсилна стапка на пораст во деветмесечниот период, додека во Азија порастот бил помал.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.