Свет

„Нестле“ продава брендови вода во шишиња за 4,3 милијарди евра

18 окт 2020

„Нестле“ продава брендови на вода во шишиња во Северна Америка, меѓу кои е најпознатиот производ, водата Pure Life.

Според извори блиски до швајцарската групација, компанијата постепено ја напушта категоријата вода во шишиња, бидејќи им носи помалку профит од очекуваното. „Нестле“ планира да ги продаде брендовите Deer Park, Ozarka, Ice Mountain, Zephyrhills и Arrowhead, а вредноста на трансакцијата би била околу 5 милијарди долари (4,27 милијарди евра).

Марк Шнајдер, генерален директор на „Нестле“, кој продаде околу 50 брендови од преземањето на функцијата во 2017 година, сака само премиум брендовите како Perrier и San Pellegrino да бидат под контрола на групацијата.

Продажбата на некои брендови за вода беше објавена уште во јуни, кога Шнајдер навести дека бизнисот од таа категорија ќе биде темелно разгледан и дека тие имаат намера да се фокусираат само на оние брендови кои работат позитивно, како што е водата на Acqua Panna.

Заинтересирани за купување на овие брендови се фондот „Аполо“, холандската компанија за флаширање на безалкохолни пијалаци „Рефреско“ и производителите „Примо вода“ и „Нијагара батлинг“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...