Coca - Cola во соработка со „Дизни“ лансира нови ограничени изданија на пакувањата со хероите на Марвел, како што се Дедпул, Дардевил и Блек видоу.
Coca - Cola има долга историја во соработката со компанијата „Дизни“. Најновата соработка со „Марвел“ ни овозможува да го искористиме наследството на двата бренда за да им овозможиме нови и неочекувани искуства на потрошувачите, изјави Ислам Еидесоку, глобален директор за креативна стратегија за брендот Coca – Cola.
Ликовите од „Марвел“ ќе се најдат на лименките и шишињата со сок, а соработката на компаниите вклучува реклама и посебни активации и награди за потрошувачите.
Ограничените изданија на пакувањата ќе имаат и QR код со чие скенирење ќе се „оживуваат“ суперхероите, соопштуваат од компанијата.
Кампањата која е лансирана во повеќе од 50 држави во светот ја изработи агенцијата „Гут“.
Извор: „Маркетинг дајв“
Фото: Coca - Cola
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.