Регион

„Конзум“ ќе ги намали цените на повеќе од 1.000 производи

14 окт 2020

„Конзум“ утре ќе ги намали редовните цени на повеќе од 1.000 производи од својот асортиман и на тој начин заедно со своите добавувачи ќе им ги направи производите подостапни на купувачите, соопштија од компанијата. 

Со намалувањето ќе бидат опфатени артикли од различни категории, како што се основни намирници и намирници за подготовка на храна, пекарски и млечни производи, месни преработки, деликатесни сирења, свежо месо и риба, смрзната и конзервирана храна, чаеви и кафе, храна и опрема за домашни миленици, текстил, играчки....

Со пониски цени на повеќе од 1.000 производи од нашата богата понуда сакаме да ја зацврстиме позицијата на „Конзум“ како место каде купувачот добива најголема вредност за своите пари. Станува збор за годишно вложување во износ од околу 70 милиони куни во што учествуваат повеќе од 140 наши добавувачи со производи што редовно ги користиме и купуваме, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“. 

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...