Регион

Србија на второ место по производство на смрзнато овошје во Европа

06 окт 2020

Според производството на смрзнато овошје, Србија зазема второ место во Европа, веднаш зад Полска. Добри позиции зазема и во секторите производство на цигари и на сончогледово масло.

Според објавената анализа на веб-страницата Макроекономија, со зачленувањето во Европска Унија, Србија би внела повеќе од 2% од земјоделско-прехранбената економија и ова е единствен сектор каде што земјата е доста развиена во однос на ЕУ.

Анализата опфати 428 производи од прехранбената индустрија од вкупно 4.476 и според количеството, Србија произведува 34,2% од вкупното производство на смрзнато овошје во ЕУ. Доминантно учество во тоа производство има јагодестото овошје.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...