Регион

Словенија го загуби „винскиот“ спор против Хрватска

11 сеп 2020

Општиот суд на ЕУ ја отфрли тужбата на Словенија против Европската комисија за „случајот теран“, поврзан со долгогодишниот судски спор меѓу словенечките и хрватските винари. 

Отфрлено е барањето на Словенија за поништување на Уредбата на ЕУ за условите за користење на називот „теран“ на етикетите на хрватското вино од Истра, соопштиија од судот. 

По влезот на Словенија во ЕУ, овој назив се користеше на етикетите на некои словенечки вина, најпрво како традиционален назив за вино од областа Крас, а потоа му беше призната и ознака за заштитено потекло. Со Уредбата која стапи на сила во 2017 година, Европската комисија одобри исклучок според кој хрватскиот “теран“ од Истра може да се продава со налепница „Хрватска Истра-теран“, со тоа што називот на виното на етикетата да биде испишан со мали букви. 

Словенија сега, по одбивањето на нејзината тужба, има можност да поднесе жалба. 

 

 

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...