Регион

Растат приходите на „Подравка“ и покрај кризата

29 јул 2020

Приходите од продажбата се зголемија за 14,10 милиони евра, односно за 5%.

Надзорниот одбор на „Подравка“ ги потврди неревидираните резултати од работењето на групацијата за првото полугодие од 2020 година и изрази задоволство што, и покрај кризата предизвикана од коронавирусот, оствари позитивни резултати речиси на сите нивоа од работењето.

Остварена е нето-добивка во износ од 21,5 милиони евра, што претставува пораст од 15,4%. Остварен е пораст на приходите од продажбата и кај сопствените брендови во износ од 15,8 милиони евра.

И покрај многубројните негативни влијанија предизвикани од коронавирусот, успеавме брзо да го трансформираме работењето. Сепак, периодот што следува ќе биде полно со предизвици и веруваме дека ќе продолжиме со позитивни резултати, нагласи Марин Пуцар, претседател на Управата на „Подравка“.

Сегментот прехрана забележа зголемување на приходите од продажбата за 9,4 милиони евра, а најголем пораст од повеќе од 6 милиони евра остварија програмите кулинарство и месни производи, јадења и намази.

„Жито“ и „Лагрис“ ги задржаа приходите од продажбата на ниво на минатата година, најмногу поради движењата на приходите во категоријата свежи пекарски производи, примарно на пазарите во Словенија и Италија.

Во поглед на остварување на приходите од продажбата по региони, групацијата најголем пораст од 6 милиони евра забележа во Јадранскиот Регион.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Пораст на приходите на „Меркатор“ и покрај пандемијата

09 сеп 2020

„Нестле“ ја продолжи кампањата „ЗдравоРастеме“

09 сеп 2020

Сопственикот на „Виолета“ вложува 10 милиони евра во „Ласта“

09 сеп 2020

ЕК ја одобри концентрацијата на „Фортенова група“ и „Меркатор“

09 сеп 2020

„Хофер“ - Словенија собра 13.000 евра за прочистување на словенечките води

09 сеп 2020

Словенија го загуби „винскиот“ спор против Хрватска

09 сеп 2020
Вчитува уште новости...