Црногорските трговци побараа од тамошното Министерство за економија уште еднаш да ја разгледа можноста за измени во Законот за внатрешна трговија, и да им овозможи на трговците додека трае туристичката сезона да работат во недела и за државни празници.
Од друга страна, од Министерството за економија излегоа со став дека официјалната статистика не покажува значителен пад на проходите во трговијата како последица од неработната недела. Трговците, пак, тврдат дека податоците за туристичката сезона ќе бидат многу понеповолни. Од Стопанската комора на Црна Гора оценија дека законите треба да бидат поттикнувачи за стопанствениците за тие да можат да остварат подобри резултати и да придонесат кон развој на државата.
Црна Гора воведе неработна недела во октомври минатата година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.