Регион

Казната на „Агрокор“ намалена од 53 на еден милион евра

22 јун 2020

Вишиот суд во Љубљана ја намали казната што словенечкиот регулатор за пазарна конкуренција (АВК) лани ја изрече на хрватската компанија „Агрокор“ од 53,5 милиони евра на само еден милион евра, јавуваат денеска словенечките медиуми.

Со тоа се отвора можноста за деблокирање на запленетите акции на „Агрокор“ во словенечкиот трговски синџир „Меркатор“, што овозможува нивно пренесување од хрватскиот концерн во новата група „Фортенова“, се наведува во образложението што го пренесе љубљанскиот весник „Дневник“.

На крајот на минатата година, поради непријавена набавка на помала фабрика за флаширање „Костела“, од времето кога концернот го водеше Ивица Тодориќ, АВК му изрече казна од 53,5 милиони евра на „Агрокор“ и ги заплени неговите акции во „Меркатор“ за да обезбеди исплата на глобата.

На одлуката на АВК за парична казна од 53,5 милиони евра „Агрокор“ поднесе жалба до Вишиот суд, кој одлучи дека „Агрокор“ е должен да плати  еден милион евра. 

АВК нема право да поднесе жалба против ваквата одлука на Вишиот суд. 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Еуроспин“ влегува во Хрватска

20 јул 2020

Растат приходите на „Подравка“ и покрај кризата

20 јул 2020

„Атлантик група“ со стабилни полугодишни резултати

20 јул 2020

„Дукат“ е подготвен да го откупува млекото од кооперантите на „Мегле“

20 јул 2020

Истражување: 70 отсто од граѓаните на Србија купуваат преку интернет

20 јул 2020

„Краш“ ја зголеми добивката за 15 отсто

20 јул 2020
Вчитува уште новости...