Регион

Словенија: Законот за забрана за работа во недела помина на прво читање

28 мај 2020

Вчера словенечкиот парламент на првото читање го прифати предлог-законот за забрана за работа на продавниците во недела, кој беше поднесен од опозициската партија Левица.

Сепак, најавено е дека ќе биде неопходен амандман за целосно да се регулира работата на продавниците. Меѓу другото, според словенечките медиуми, неопходно е да се одржат и консултации со работодавците и со трговските синдикати.

При гласањето, 65 пратеници се согласија дека предлог-законот поднесен од партијата Левица (Л) е погоден за продолжување на постапката, додека 12 пратеници беа против.

За време на епидемијата на коронавирус, дуќаните не работеа во недела и имаше предлози да продолжи тој режим на работа. Сепак, предлогот наиде на мешани реакции од владата и работодавците.

Од синдикатот на вработени во трговијата тврдат дека повеќе од 95% од нивните членови во анкетата поддржале забрана за работа на продавниците во недела. Од друга страна, здруженијата на работодавци во трговијата тврдат дека со тоа би изгубиле 10% од прометот и дека спроведувањето на таков закон во практика би значело опасност од губење на околу 20.000 работни места.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...