Регион

„Маталац“ донира дезинфекциски тунел

19 мај 2020

Компанијата „Металац“ и локалниот трговски синџир „Металац Пролетер“ донираа дезинфекциски тунел на Здравствениот дом во Горни Милановац.

Тунелот за дезинфекција е широк 1,2 м и долг 1,7 м, а висината му е 2,1 метри. Располага со 16 прскалки и може да работи на база на алкохол, но и на база на хидроген пероксид. Резервоарот има волумен од околу 200 литри и опфаќа 6.000 премини низ тунелот. Вредноста на донацијата е околу 5.000 евра.

Со оваа донација, намерата на компанијата „Металац“ е да го намали ризикот од ширење на коронавирусот и да ја зголеми безбедноста на граѓаните.

Најважно ни е да се зголеми безбедноста на граѓаните во општината во која се сместени фабриките на „Металац“ и нашиот трговски синџир „Пролетер“. Живееме овде, нашите родители доаѓаат овде и тука се лекуваме, па логично е сите заедно да помогнеме. Не сме единствената компанија што го направи тоа... И другите стопанственици го препознаа овој потег и досега дониравме три тунела заедно, со цел полесно да излеземе од оваа несреќа што не снајде, рече Александар Марковиќ, генерален директор на „Металац“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...